Вкупниот дефицит во еврозоната лани е помал од претходната година и изнесува 353 милијарди евра. Долничкиот товар е намален во однос на 391 во 2011 година, соопшти Евростат. Буџетскиот дефицит во цела еврозона стигна до 3,7 отсто од домашниот бруто-производ во однос на 4,2 отсто од претходната година.
Иако мерките за штедење и растот придонесуваат за намалување на дефицитот, должничкиот товар во еврозоната е зголемен бидејќи економскиот раст е во мирување. Вкупниот јавен долг во европската монетарна унија во 2012 година изнесуваше 90,6 отсто од годишниот БДП, во однос на 87,3 отсто во 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


