Еврозоната продолжува да бележи суфицит со остатокот од светот и во октомври, иако вишокот го забавува малку темпото на раст, достигнувајќи ниво од 18,9 милијарди евра. За споредба, во октомври 2016-та година тој бил во износ од 19,2 милијарди евра, покажуваат прелиминарните сезонски податоци на „Еуростат“, објавени денеска.
Земјите од зоната со единствена валута изнеле стоки кон остатокот од светот (во која се вклучуваат и другите земји членки на ЕУ кои не се во еврозоната) за 187,9 милијарди евра, што претставува раст од 8,8% на годишна база. Во исто време увозот за октомври изнесува 168,9 милијарди евра, што е за 10,1% повеќе во споредба со октомври 2016-та година. Трговијата во рамките на еврозоната, исто така расте во десеттиот месец на годината – со 9,7% до 160 милијарди на годишна основа.
За првите десет месеци од годината извозот на еврото во остатокот од светот достигна 1.812 илјади милијарди евра, додека увозот – 1.624 илјади милијарди евро. Ова значи дека вишокот на единствената валута се зголеми на 187,9 милијарди евра. За споредба, во истиот период на 2016-та година тој бил 213,8 милијарди евра, што покажува сериозно забавување на годишна основа.
Што се однесува до Европската унија (ЕУ), таа бележи минимален дефицит од 300 милиони евра со остатокот на светот за октомври 2017-та година во однос на вишок од 2,4 милијарди евра за истиот период од минатата година.
Во октомври, извозот на стоки надвор од ЕУ изнесуваше 159,4 милијарди евра, што претставува зголемување од 8,6% на годишна основа. Увозот изнесува 159,6 милијарди евра, што претставува зголемување од 10,6% во однос на октомври 2016-та година.
Во првите десет месеци од годината, извозот на ЕУ во остатокот од светот достигна 1.549 илјади милијарди евра, а увозот 1.544 илјади милијарди евра. Така, вишокот за периодот достигна 5,2 милијарди евра, забрзувајќи за 5,3% во споредба со истиот период од минатата година.
Најголем за периодот јануари-октомври е трговскиот суфицит на Германија – 206,7 милијарди евра. Холандија е на второто место со 58,1 милијарди евра и Ирска со 38 милијарди евра. Најголем дефицит е забележан од страна на Велика Британија – 149,3 милијарди долари, а Франција – 68 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.