| четврток, 6 декември 2018 |

Скопската епархија се оградува од скандалозната одлука за задолжителна донација за црквата Свети Константин и Елена во Илинден

marjan-slika

Црковниот одбор на црквата Свети Константин и Елена од општина Илинден донел скандалозна одлука со која ги задолжува сите семејства да одвојат по 100 евра за изградба на храмот, во спротивно се заканува дека нема да врши погребни опела за починатите на оние кои нема да платат.

Скопската Епархија на МПЦ и официјално соопшти дека скандалозната одлука на црковниот одбор од Црквата Свети Константин и Елена е став на одборот и дека донациите кон Црквата не се задолжителни.

-Ги известуваме жителите од православна вероисповед од населеното место Илинден, дека одлуката со која се задолжуваат да уплатат одредена сума за изградба на новиот храм, е став на црковниот одбор при храмот „Свети Константин и Елена“. Донирањето при градба на некој храм е секогаш доброволно и треба да е израз на слободна волја и тоа претставува дар пред Бога. Храмот е место што треба да нѐ обединува и собира во заедница. Затоа градејќи го храмот, да го надградуваме и меѓусебното единство, стои во соопштението од канцеларијата на Скопската православна епархија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top