Тримесечно бебе од Дојран со аномалија во делот на черепот и со мала глава по извршен рутински преглед и по препорака на педијатар од Струмица пред две и пол недели е донесено на Универзитетската клиника за детски болести. Направени се анализи што укажуваат дека не станува збор за рутински вируси што знаат да направат микроцефалија (мала глава), значи сомнението останува за вирусот зика.
Ова денеска го изјави директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова, која рече дека се прават анализи за да се утврди присуство на вирусите денга или евентуално зика, а резултатите се очекуваат за десетина дена.
– Детето е родено со аномалија. Стравот е, практично, кај мајките што се бремени да не го имаат овој вирус, кој причинува аномалија, особено развојна во првите три месеци. Мајката е од Дојран, а патувала и во Грција во првите три месеци од бременоста, кога настанува развојниот период и на мозокот и на другите органи, посочи Софијанова.
Одговарајќи на новинарско прашање дали мајката била касната од комарец рече дека сигурно е дека има таква индикација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)