| четврток, 6 декември 2018 |

Последна почит за фудбалскиот гениј, 50.000 навивачи застанаа на нозе (видео)

holandija

Јохан Кројф вчера почина на 68-годишна возраст, а големиот фудбалер доби сточеки овации од преполниот стадион „Де Кајп“ на кој се играше пријателски натпревар помеѓу градските ривали од Ротердам, Феенорд и Спарта.

Судијата го прекина натпреварот во 14-тата минута во чест на легендарниот фудбалер, кој го носеше овој број во целата кариера. Сите 50.000 навивачи на „Де Кајп“ станаа и со последен аплауз го испратија Кројф во фудбалските легенди.

Јохан Кројф ја заврши кариерата во 1984 година токму во Феенорд, откако премина во овој тим од најголемиот ривал Ајакс. Претходно играше за Барселона, а беше дел и од два американски клуба Лос Анџелес Ацтекс и Вашинготн дипломатс, а една сезона одигра и во дресот на Леванте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top