| четврток, 6 декември 2018 |

„Балкански поетски Вавилон“ во ДПМ

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи манифестацијата „Балкански поетски Вавилон“. Со настап на 20 членови на ДПМ и со стиховите на истакнати поети од Балканот, од домот на македонските писатели ќе биде испратена порака дека различните јазици на кои пишуваат авторите се слеваат во универзалниот јазик на поезијата со кој се надминуваат сите бариери на патот кон разбирањето, толеранцијата, соработката, меѓусебното запознавање и зближување. Поетската порака ќе ја испрати Кристина Николовска, а стиховите ќе бидат читани на јазиците на кои создаваат авторите на Балканот и во Македонија, односно на македонски, албански, турски, српски, бугарски, грчки, словенечки, хрватски, влашки, бошњачки, ромски јазик. На средбата во ДПМ ќе бидат читани и стихови, во оригинал и во препев на македонски, на поетите Костас Асимакопулос (Грација), Алеш Штегер (Словенија), Сретен Перовиќ (Црна Гора), Садик Бејко (Албанија), Петар Караангов (Бугарија), Адам Пуслоиќ (Србија), Абдулах Сидран (Босна) и Анте Стамаќ (Хрватска), сите добитници на наградата „Книжевно жезло“ што ја доделува македонската писателска асоцијација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top