| четврток, 6 декември 2018 |

Кливленд загуби во Бруклин, Оклахома ја продолжува низата на победи (видео)

klivlend

Екипата на Бруклин направи изненадување во синоќешните дуели од НБА лигата победувајќи го Кливленд со 104-95 на домашен терен.
Победата беше извојувана во последната четвртина кога со одлична одбраната Бруклин прими само 12 поени.

Леброн Џејмс играше фантастичен натпревар три четвртини кога постигна 30 поени со фантастична реализиација од 13 погодени шутеви од 14 обиди. Но и тој како и останатите негови соиграчи беше очаен во последните 12 минути од натпреварот кога шутна два пати и не погоди. Брук Лопез беше наефикасен кај Нетс со 22 поени, Шејн Ларкин постигна 16 поени, додека Бојан Богдановиќ реализираше 12 поени.

Оклахома со 113-91 ја совлада Јута и дојде до шестата победа по ред. Кевин Дурант со 20 поени, девет асистенции и осум скока ги предводеше Тандер до овој триумф. Серијата трипл-дабл натпревари на Расел Весбрук завршува на три, откако вечерва постигна 15 поени, девет скока и седум скока.

НБА резултати:

Индијана – Њу Орлеанс 92-84

Бруклин Кливленд 104-95

Њујорк – Чикаго 106-94

Оклахома – Јута 113-91

ЛА Клиперс – Портланд 96-94

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top