| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Цеца открива каква свадба ќе има

ceca

Анастасија Ражнатовиќ открива дека со своето момче Костадин Терзиќ ќе застане на лудиот камен, кога ќе го заврши факултет.

-На петти април се навршуваат две години како сме во врска. Свадба сега немам во план, бидејќи сум прва година на фукултет, а тоа ми е приоритет. Мислам дека би била голема обврска сега да имам дете. Дете не е шега. Ќе имам дете кога ќе бидам постара и кога подолго време ќе бидам со Костадин. Но во моментов не размислуваме за тоа, ни јас, ни тој. Се уште сме млади. Кога ќе завршам факултет, тогаш ќе размислуваме за венчавка и дете – изјавила Анастасја која објаснила и каква свадба би сакала.  

-Традиционална. Ја сакам традицијата и таква венчавка. Ги сакам тие пуф венчаници, да изгледам како принцезата Бел, со долг вел. Тоа ми е баш романтично и убаво. Според мене свадбата на татко ми и мајка ми навистина била свадба на векот и би сакала и јас таква- додала ќерката на Цеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top