
Фудбалскиот свет е во тага затоа што спортот остана без еден од најдобрите фудбалери во историјата, големиот холандски стручњак Јохан Кројф.
Легендата на Барселона и на холандскиот фудбал почина во 68. година од животот откако во октомври му беше дијагностициран рак на белите дробови. Тој го одигра последниот меч во животот од кој не успеа да излезе како победник.
Холанѓанец е еден од најдобрите фудбалери и тренери во историјата на Барселона, но не е активен од 1996 година, кога си замина од тренерската функција.
Кројф беше активен фудбалер од 1964 до 1984 година, а ги носеше дресовите на Ајакс, Барселона, ЛА Астекс, Вашингтон дипломатс, Леванте и Феенорд. Последен трененерски ангажман му беше на селекторската функција во каталонската репрезентација, но таму имаше обврски само еднаш годишно. Исто така, тој се смета за татко на познатата тики-така, игра со која Барселона се гордее денес.
Потврда за смртта на Кројф има и на официјалната интернет-страница на Холанѓанецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


