| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен Драган Даравелски

Во Србија рано изутрината во 2 часот е уапсен поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски, по кого беше распишана потерница од страна на македонските власти, потврдија за МИА од МВР, од каде што посочуваат дека тече постапката за негова екстрадиција.

Апсењето е врз основа на потерница што е издадена пред повеќе години, но властите во Белград досега не ја реализираа.

Даравелски е осуден во Македонија со правосилна судска пресуда дека додека беше директор на Царинската управа ја злупотребил службената положба и сторил финасики малверзации со кои го оштетил буџетот.

Пред неколку години Даравелски помина извесно време во екстрадициски притвор во Белград, но во меѓувреме стана државјанин на Србија и не беше испорачан во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top