| четврток, 6 декември 2018 |

Суарез дополнително мотивиран, по двегодишната суспензија се враќа во репрезентацијата

Дербито меѓу Уругвај и Бразил, кое се игра викендов, ќе го одбележи враќањето на Луис Суарез во националниот тим, а, исто така, и дуелот меѓу двете големи ѕвезди на Барселона.

Најдобрите играчи на Уругвај и на Бразил и воедно тимски колеги од Барселона, Суарез и Нејмар, на претстојниот дуел ќе играат и за хамбургер?! Луис Суарез откри дека тој и Нејмар имаат дополнителен мотив пред натпреварот.

– Се обложивме во хамбургер – вели Суарез.

Дуелот против Бразил ќе биде прв за Суарез по речиси двегодишна пауза од националниот тим. Причината е добро позната, суспензијта на ФИФА по инцидентот со Џорџо Кјелини на Мундијалот.

– Ја научив лекцијата. Веќе нема да подлегнувам на притисокот – уверува асот на Барселона.

Дуелот меѓу двете селекциите се игра во ноќта од сабота кон недела, со почеток од 1.45 часот по полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top