| четврток, 6 декември 2018 |

Голден Стејт чекор поблиску до рекордот на Чикаго, „Воините“ славеа над Клиперс (видео)

golden stejt

Голден стејт вориорс продолжи со одличните настапи, триумфирајќи со 114-98 над Лос Анџелес клиперс, со што „воините“ го продолжијата атакот на најдобриот скор во историјата на НБА-лигата, рекорд што му припаѓа на тимот на Чикаго булс од сезоната 1995-96 (72 победи и десет порази). По синоќешниот триумф Голден стејт сега има скор од 64 победи и седум порази, па на единаесет меча до крајот на сезоната Стеф Кари и соиграчите дефинитивно се свесни колку се близу до уривање на уште еден фантастичен рекорд.

Повторно во главна улога беа “браќата Сплеш” – Стеф Кари и Клеј Томпсон кои заедно реализираа дури 65 поени. Малку подобар беше Кари кој постигна 33, додека Томпсон заврши со еден помалку. Во екипата на Лос Анџелес Клиперс која добро играше само во првото полувреме и на пауза замина со предност од два поени (51-49), најдобар беше Диандре Џонсон со 19 поени и дури 20 скока.

До 60. победа оваа сезона стигнаа кошаркарите на Сан Антонио Спарс кои на домашен терен го победија Мајами со 112-88. Мечот на сезоната го одигра Кавај Ленард кој постигна 32 поени за само 24 минути на теренот. Тренерот Грег Попович повторно балансираше со силите, па ниеден кошаркар не играше повеќе од 25 минути.

НБА Рeзултати:

Кливленд – Милвоки 113-104
Вашингтон – Атланта 101-122
Бостон – Торонто 91-79
Деторит – Орландо 118-102
Чикаго – Њујорк 107-115
Хјустон – Јута 87-89
Минесота – Сакраменто 113-104
Сан Антонио – Мајами 112-88
Денвер – Филаделфија 104-103
Феникс – ЛА Лејкерс 119-107
Портланд – Далас 109-103
Голден стејт – ЛА Клиперс 114-98

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top