| четврток, 6 декември 2018 |

Ексел Роуз е новиот пејач на „Еј-си/Ди-си“

Фронтменот  на познатиот состав  „Ганс енд роузис“, Еклс Роуз е нов пејач на култниот бенд „Еј-си/Ди-си“.

Nastup-benda-“Guns-N-Roses”-četvrtog-dana-Egzita-foto-Marko-Todorovic-2-620x350

Оваа неверојатна вест ја објави „Атланта Радио 100.5“, а ја пренеле бројни медиуми кои ја следат хардкор и хевиметал музиката.

Како што се наведува во објаснувањето на оваа вест, Ексл Роуз ќе го замени Брајан Џонсон, пејачот на „Еј-си/Ди-си“, на остатокот на светската турнеја на тој бенд.

Ексл во текот на викендот е виден во Аталанта, каде бил на тонски проби но не со својот матичен бенд „Ганс енд роузис“.

Tan2014-4-17_20248585_189

Радио диџејот Џејсон Бејли открил дека од многу добар извор добил потврда дека шпекулациите за настапот на Ексл со „Еј-си/Ди-си“ се точни.

Пејачот на бендот, Брајан Џонсон неодамна имал проблеми со слухот, па групата мораше да ја прекине турнејата.

Во почетокот на месецот беше објавено дека „Еј-си/Ди-си“ ја одложува турнејата поради можната загуба на слухот на Брајан Џонсон, Тој од својот лекар бил предупреден дека доколку продолжи да настапува ризикува трајно губење на слухот, соопштил тогаш бендот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top