Екипата на Арсенал отпатува на 14-дневна турнеја во Астралија и Кина. Во експедицијата недостигаше Чилеанецот Алексис Санчез и германскиот репрезентативец Шкодран Мустафи. Двајцата добија продолжен одмор поради настапот на Купот на конфедерации.
„Топџиите“ на турнејата ќе гостуваат во Сиднеј, Шангај и Пекинг и ќе одиграат четири пријателски натпревари.
Тимот на Арсен Венгер со новото засилување Лаказет на 13 јули ќе дебитира против Сиднеј, два дена подоцна следи дуелот против Сиднеј Вондерерс. Следат европските дуели на 19 јули со минхенски Баерн и на 22 јули против Челзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.