| четврток, 6 декември 2018 |

Минимален пораз на Македонија на гостувањето во Словенија, мечот го одбележа враќањето на Пандев (видео)

makedonija

Македонската А репрезентација загуби со 1:0 од Словенија во пријателскиот натпревар одигран на стадионот Бонифика, во Копер.

Македонија прва се закани посериозно по голот на словенците преку нашиот најдобар фудбалер Пандев во 8. минута, по одличната акција помеѓу него и Трајковски. Репрезентацијата на Словенија во 18. минута пропушти одлична прилика за постигнување гол, Безјак не се снајде најдобро во завршницата. На полувреме се замина без голови, но со доста отворена игра и на двете репрезентации и неколку можности за постигнување погодок.

Во продолжението, првиот обид го имаше нашата репрезентација преку Александар Трајковски во 56. минута, но неговиот удар без проблеми го одбрани противничкиот голман. Две минути подоцна Словенија го постигна водечкиот гол, Безјак погоди, нашиот голман Димитриевски беше немоќен. Воедно, тоа беше и конечниот исход на денешната контролна средба.По примениот погодок, избраниците на селекторот Ангеловски притиснаа повеќе, ја имаа иницијативата, создадоа неколку прилики преку Трајковски и Јаховиќ, но без ефект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top