Лахрауи ги направил бомбите за нападот на Париз на 13 ноември, а исто така постои основнао сомнение дека тој ги смислил и специјалните бомби со шајки кои убија 31 лице во брисел и ранија околу 250 луѓе.
Полицијата објави снимки од аеродромот кои го прикажуваат Лахрауи со очила и брадичка во светла јакна и со црна шапка како турка количка на која е сместена голема црна торба. Детонаторите биле сокриени во ракавиците на терористите.
Лахрауи е роден на 18 мај 1985 година во белгија и на полицијата и бил познат како фанатик на исламска држава, а живеел под лажно име. Пред три години бил во Сирија, но успеал да се врати во Европа со нов идентитет, па така ги измамил службите за безбедност. Студирал машинство на Институтот во Шаербек, но по дипломирањето се упатил во Сирија. Медиумите пренесуваат дека бил добар пријател со Салах Абдеслам, еден од главните напаѓаќи на Париз.
Полицијата одамна трагала по Лахрауи, чија ДНК е пронајдена во куќите кои се користеле од страна на лицата кои ги извеле нападите на Париз, соопшти обвинителството. Во септември минатата година Лахрауи патувал во Унгарија заедно со Салах Абеслам, која е главен осомничен за нападите во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)