| четврток, 6 декември 2018 |

Селекторот Ангеловски го соопшти составот, со Пандев ќе ги напаѓа Словенците од првата минута

sostav

Како што и самиот најави, македонскиот селектор Игор Ангеловски со офанзивна формација ќе им се спротистави на Словенците на денешниот пријателски натпревар во Копер, прв за нас во 2016 година. Прв и по враќањето на Горан Пандев во националниот тим, по повеќе од двегодишната пауза.

Токму Пандев, сосема очекувано, преземајќи ја и капитенската лента, ќе го предводи нашиот напад во тактичката поставеност на Ангеловски, заедно со Александар Трајковски во најистирените позиции. По крилните офанзивни позиции ќе им помагаат Иван Тричковски и Агим Ибраими.

– Јас и претходно најавив дека нашата определба на теренот секогаш ќе биде офанзивна, без разлика дали играме пријателски или официјален натпревар, и без разлика со кого играме. Така ќе биде и сега против Словенија. Со враќањето на Пандев нашиот напад и тоа како добива на квалитет, па сигурно ќе сакаме да го искористиме секогаш и за гол повеќе од противникот – истакна претходно селекторот Игор Ангеловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top