| четврток, 6 декември 2018 |

Белгиецот Денајер е роден под среќна ѕвезда, се извлекол од три терористички напади за две недели

denajer

Интересна е приказната на фудбалерот на Манчестер сити кој игра на позајмица во турски Галатасарај, Белгиецот Џејсон Денајер.

20-годишниот дефанзивец доживеал три терористички напади во само две недели, пренесуваат турските медиуми. Денајер, најпрво на 13. март бил во непосредна близина на нападот во Анкара, по дуелот меѓу Галатасарај и Генчлербирлиги во турскиот шампионат.

Шест дена подоцна, Денајер се нашол и во Истанбул за време на нападите во градот на Босфорот, а вчера во моментот на нападот на аеродромот во Брисел, пристигнувал на аеродромот „Завентеме“ во Белгија да се приклучи на белгиската репрезентација за престојните пријателски натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top