Четири милијарди евра загуба ќе ја чинат економијата на Кралството Белгија вчерашните терористички напади во Брисел кои се случија на Националниот аеродром „Завентем“ и во метрото на метро-станицата „Малбек“, а во кои 31 лице го загуби животот, додека 230 се повредени.
Ова утринава го објави фламанскиот дневен весник „Хет њусблад“, според кој ова е првична проценка на економските и финансиски експертиза економската штета што белгиската држава ќе ја претрпи од грозоморниот терористички акт.
– Доколку заканата од тероризам опстои подолго или ако дури се случат нови терористички напади, тогаш штетата ќе ескалира уште повеќе од овие четири милијарди евра – изјави еден од директорите на банката „ИНГ“, Петер Ванден Хуте во изјава за весникот „Хет њусблад“.
Токму мерките на безбедност и патролирањето на војниците ширум Белгија изминатите година и три месеци по терористичкиот напад на весникот „Шарли Ебдо“ во Париз минатата година, според проценките веќе ја чинат Белгија повеќе од 150 милиони евра.
Причината за високото ниво на безбедност изминатиот период е податокот дека Белгија според бројот на жители (11 милиони жители) има најмногу „странски борци“ во Исламска држава (околу 500 лица), а и организаторите и најголем дел од извршителите на минатогодишните терористички напади во Париз, исто така се државјани на Белгија, поточно на проблематичната бриселска населба Моленбек-Сен Жан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил
-
Белгија со голем пресврт ја победи Јапонија и се пласира во четвртфиналето!