Државната изборна комисија (ДИК) синоќа на седница објави дека на терен ќе се проверуваат 89.383 записи, откако вчера беа направени дополнителни проверки од страна на ИТ експертите на лица кои се повторуваат по повеќе основи. Административно ќе се проверуваат 107.660 лица.
Вчера Комисијата објави дека ќе се проверуваат 100.436 записи од вкрстената и граѓанската проверка преку веб – апликацијата.
Комисијата на синоќешната седница усвои анекс на Извештајот од проверките во кој се наведени овие бројки. Исто така се утврди начин по постапување по пријави од граѓани од веб-апликацијата на ДИК.
Комисијата информираше дека 6.795 граѓани пријавиле неправилности во избирачкиот список преку веб – апликацијата на ДИК. Компјутерските стручњаци на ДИК ќе преземат 6.018 пријави да проверат дали некои од нив се наоѓаат во записите д вкрстената проверка по што ќе се знае колку ќе бидат проверувани на терен, а колку административно.
Државната изборна комисија денеска ги започнува обуките за овластените анкетари кои ќе ја вршат теренската проверка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот