| четврток, 6 декември 2018 |

Ноел ле Гре: Гарантираме максимална безбедност на престојните натпревари во Франција

noel le gre

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел ле Гре, истакна дека државата ќе гарантира максимална безбедност за претсојните фудбалски мечеви, потенцирајќи го пријателскиот натпревар меѓу Франција и Русија што треба да се одигра на 29.март на „Стад де Франс“. Оваа негова изјава доаѓа по денешните терористички напади во Брисел, кои и тоа како имаат поврзаност и со претходните напади на терористите во Париз, на денот кога се играше фудбалски натпревар меѓу Франција и Германија.

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година исто така ќе треба да гостува во Ле Ман, на 28.март.

– Безбедноста на навивачите и на сите граѓани е нашиот приоритет. Гарантираме дека ќе бидат преземени сите безбедносни мерки, на максимално ниво, за пријателскиот меѓу Франција и Русија на 29.март. На „Стад де Франс“ ќе има 65.000 луѓе и уверувам дека ќе бидат безбедни, исто како и на сите други стадиони. Цела Европа е загрижена поради најновите случувања, не можеме да останеме имуни, и се разбира, никогаш и никаде нема „нулта ризик“. Но, за безбедноста се грижат врвни специјалисти, посебно во една ваква состојба – изјави Ноел ле Гре, првиот човек на францускиот фудбал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top