| четврток, 6 декември 2018 |

Терористите ја користат мајката на Сатаната: Еве каков експлозив џихадистите употребиле во Брисел (видео)

Се верува дека терористите за потребите на нападите го користеле експлозивот под името „мајката на Сатаната“  кој исто така бил користен во нападите во Лондон во 2005 година и минатогодишните напади в Париз.

Ацетон пероксид  може лесно да се направи од домашни  секојдневни  работи кои не содржат азот па можат да поминат низ скенер, пишува  британскиот Телеграф.

Еден од мажите кои направиле такви експлозивни елеци за напаѓачите во Париз е Најим Лачраоу, кој се уште е во бегство и го сметаат за осомничен за белгиските напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top