| четврток, 6 декември 2018 |

Никовски: Ќе биде преседан Србија да добие датум, а Македонија не

За поранешниот амбасадор Ристо Никовски договорот меѓу Приштина и Белград е чекор напред во стабилизацијата на Балканот и тоа може да се поздрави. Неговата процена е дека во наредниот период ќе се заостри притисокот од ЕУ, но ќе биде преседан Европејците да ѝ дадат датум за преговори на Србија, а не и на Македонија, пишува „Дневник“.

– Унијата ќе биде под силен притисок паралелно со Србија да отвори преговори со Македонија. Мислам дека се зголемуваат шансите Македонија да добие датум за преговори – изјави Никовски.

Истовремено, тој предупредува дека решенијата за Kосово може да се одразат на внатрешен план и во Македонија.

– Мораме да бидеме подготвени на тоа и навреме да ги спречиме сите обиди косовските решенија да станат урнек кој ќе се бара да се спроведе и во Македонија. Опасноста на внатрешен план е што  Албанците во Македонија во следниот период може  да го бараат тоа што го добија Србите на Kосово, што може да доведе до дополнителна дезинтеграција – објаснува Никовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top