Белгиската полиција издала потерница по еден од осомничените за нападите на аеродромот во Брисел.

Инаку Ирачките разузнувачки служби тврдат дека имале инфромации за тоа дека радикална група така наречена Исламска држава планира напади на Европа за два месеци, но и дека според тие информации Брисел не бил дел од тие планови но и дека тој е изменет поради апсењето на Салах Абдеслам.
Според последните податоци најмалку 30 луѓе загинаа, а повредени се повеќе од 200 луѓе во експлозиите кои одекнаа утрово на аеродромот во Брисел. Малку подоцна експлозии се случија на повеќе станици во бриселското метро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


