| четврток, 6 декември 2018 |

Нова теорија на заговор го тресе светот: Ни останаа три години да се спасиме (видео)

Давид Ицке предупредува дека доколку „ не се разбудиме од маглата во која живееме“ мрачната елита на психопати ќе ја има целосната контрола врз човештвото низ ВИ (вештачка интелигенција) технологијата.Оваа теорија на заговор денес по нападите во Брисел се рашири како вирус на социјалните мрежи.

Поранешниот фудбалер и поранешен водител на Би- би –си Давид Ицки  кој  по повлекувањето од  мејнстрим медиумите стана еден вид на гуру на теориите на завера во алтернативните кругови,  наскоро тргнува на нова светска турнеја.

87905_capture-20160320-235910

Уште во 2000 –те години Ицек зборувал дека со светот почнале да владеат суштества кои се всушност рептили во тела на истакнати личности. Од тогаш ги покрена расправиите за бројните теории на заговор како  што е онаа дека нападите на 11 септември е „работа на луѓето од внатре“ како  и резултат на корупција на банкарските системи.

Ицке сега претскажува дека доколку „милијардите не се разбудат“ до 2018 година би можеле да бидеме заробени во вистинската верзија на „Матрикс“ како онаа од славните филмови со Кијану Ривс во главна улога. Ицке се детално појаснил во двочасовното интервју објавено на „јутјуб“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top