По терористичките напади во Брисел кои се случија рано утринава на националниот аеродром и две метро-станици, на друштвените мрежи осамна фотографија на повреден маж кој лежи и чека медицинска помош.
Всушност се работи за поранешниот белгиски кошаркарски репрезентативец Себастиен Белин. Тој откако се повлече од активното играње кошарка работи како член на управата на Атнверп Гајантс.
Целатан екипа била на аеродромот во Завентем од каде требале да отпатуваат за Италија каде утре по распоред е мечот против Варесе во рамките од ФИБА-еврокупот.
Официјални соопштенија за неговата здравствена состојба сеуште нема, но според фотографијата се гледа дека на Белин му се повредени двете нозе, но е надвор од животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.