Владата на Србија го усвои договорот што на 19 април го парафираа премиерите на Србија и на Косово во Брисел, со кој треба да се нормализираат односите меѓу двете земји. Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, ја информирал високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, за прифаќањето на предлогот.
Вонредната седница на Владата, која почна во 9 часот, била затворена за јавноста, а по завршувањето не биле дадени никакви изјави. Одлуката сега е пратена во Народното собрание на верификација.
Доцна синоќа и косовскиот парламент на вонредна седница со големо мнозинство го одобри потпишувањето на договорот меѓу Србија и Косово.
Советот на министри на ЕУ денеска во Луксембург ќе заседава за доделување датум за почеток на пристапни преговори на Србија и Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


