И аеродромот, од кој се евакуирани сите патници, и мрежите на метрото се затворени, а целиот јавен превоз е запрен, додека безбедносните мерки се кренати на највисоко ниво.

Белгискиот федерален обвинител потврдил дека на бриселскиот аеродром загинале 17 луѓе, а дека експлозијата ја предизвикал бомбаш-самоубиец, јавува „Раша тудеј“.

Најмалку три експлозии во кус временски период го потресоа Брисел, две на аеродром и една на метро-станицата во Европски кварт. Во градот владее паника, а медиумите јавуваат дека станува збор за бомбаш-самоубиец.

И аеродромот, од кој се евакуирани сите патници, и мрежите на метрото се затворени, а целиот јавен превоз е запрен, додека безбедносните мерки се кренати на највисоко ниво.
„Ројтерс“ јавува дека Кризниот штаб им порачал на граѓаните да останат каде што се затекнале и да не ги напуштаат домовите.
Сите институции на ЕУ, како што се наведува, се затворени. Белгиската ВРТ јавува дека најверојатно се работи за бомбаш-самоубиец.
Нема информации за тоа дали експлозиите на аеродромот и на метрото се меѓусебно поврзани.
Црн чад излегува од аеродромот и од метрото, а повредените се префрлаат во Универзитетски клинички центар Сен – Лик. Белгијска агенција пренесува дека пред двојните експлозии се испукани куршуми и дека се слушнале повици на арапски јазик.
DRAMATIC VIDEO: Immediate aftermath footage of explosions at #Brussels airport https://t.co/9Q3gkTzHPR pic.twitter.com/YPXZb9ObSl
— RT (@RT_com) March 22, 2016
Неколку луѓе се задобиле со повреди на терминалот за полетување на авионите, навел „Ројтерс“ утринава, повикувајќи се на белгиските медиуми. Експлозиите на најголемиот аеродром во Белгија одеканаа околу 8 часот утринава.
VIDEO: Smoke seen after blast at Maalbeek metro station https://t.co/h4MODFycRU pic.twitter.com/j8e5BBbwnZ
— RT (@RT_com) March 22, 2016
Прозорците на зградата на аеродромот се скршени од силината на експлозијата.
„Ројтерс“ забележува дека утринскиот инцидент се случил само четири дена откако во Брисел беше уапсен главниот осомничен за ноемвриските напади во Париз, Салах Абдеслам.
VIDEO: #Maalbeek metro station in #Brussels after #bomb exploded https://t.co/X5q8Hi7LFP pic.twitter.com/DlyQWiEJA6 #brusselsattack
— RT (@RT_com) March 22, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


