Македонската опера и балет со адаптираната опера за деца „Мала волшебна флејта“ ја продолжува практиката за музичка едукација на најмладата популација…
Претставата ќе се одржи во недела на 27 март со почеток во 18 часот во Центарот за култура Битола.
Претставата е адаптација за деца на популарната опера „Волшебната флејта“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Режисер е Урсула Хорнер од Австрија, сценограф е Марија Ветероска, а адаптацијата на костимографијата е на Марија Пупучевска.
Преку убавата музика на Моцарт, децата ќе имаат можност да дознаат одговори на неколку прашања – дали Сарастро е навистина лош (злобен) волшебник, за разлика од Моностатос, што работи Папагено, кој ја уби змијата и зошто тој лаже, зошто Кралицата на ноќта му ја ветува за жена нејзината ќерка Памина на Тамино и што бара од него за возврат…
Цената на билетите е 100 денари, а можат да се набават во билетарницата на ЦК Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.