| четврток, 6 декември 2018 |

Сексуални проблеми на најпознатиот наркобос: Нема брачни посети, ниту „вијагра“

По враќањето во затвор третманот му е сменет, укинати му се бенифициите што ги имал порано, а пред вратата од неговата затворска келија секојдневно стојат двајца чувари.

655-402-hoakin-gusman-el-chapo

Мексиканскиот наркобос Хоакин Ел Чапо Гузман од враќањето во затворот Алтиплано, од каде што избега минатата година, не добива повеќе пилули „вијагра“. Овие пилули ги добивал минатата година, пренесува АП.

Пред бегството му биле дозволени брачни посети во трање од четири часа на секои девет дена, кои  тој од јануари по враќањето во затвор не ги имал. Барање за обновување на брачни посети Ел Чапо поднел дури пред една недела.

Пред неговата ќелија се наоѓаат двајца чувари кои деноноќно го следат за да се спречи некој да го отруе, а храната што му ја доставуваат ја пробува куче. Ел Чапо повеќе нема ниту телевизиор во ќелијата, но добива материјали за читање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top