| четврток, 6 декември 2018 |

Нов скок на Ѓорческа на ВТА-листата, се поблиску до најдобрите 300 во светот

lina gjorceska

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува да граби напред на ВТА листата.

На најновото рангирање објавено денеска, таа се најде на 307 место што е скок за четири позиции во однос на претходното и тоа е повторно нејзин најдобар пласман во кариерата. Причина за тоа е пласманот во полуфиналето на ИТФ турнирот во Хамамет пред две недели со што освои четири бода.

За неполни три месеци од почетокот на оваа година, Ѓорческа се искачи дури 46 позиции и е се поблиску до најдобрите 300 во светот.

На врвот сеуште е неприкосновена Серена Вилијамс со 9505 бода, скоро 4000 повеќе од второпалсираната Ангеш Радванска. Најголем скок направи Викторија Азаренка која со победата во финалето на мастерс-турнирот во Индијан Велс се проби на осмото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top