Турскиот претставник во Евролигата, тимот на Фенербахче, во следните шест седмици ќе биде без услугите на центарот Јан Весели. Тој на мечот против Каршијака во рамките од турскиот шампионат ја повреди Ахиловата тетива и иако нема да биде потребен хируршки зафат, сепак, препорачано му е строго мирување во наредниот период.
Фенербахче ќе биде без услугите на чешкиот центар со НБА искуство во најнезгоден момент бидејќи ќе мора да ги пропушти преостанатите три натпревари од Топ-16 фазата и сите натпревари од четвртфиналето во Евролигата, а тој евентуално би можел да биде подготвен за турнирот Ф4 во Евролигата, доколку неговиот тим успее да обезбеди пласман.
Во изминатиот период тренерот Жељко Обрадовиќ го немаше на располагање и македонскиот интернационалец Перо Антиќ, исто така поради повреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.