| четврток, 6 декември 2018 |

Кајмакоски како Тина Тарнер победник во синоќешната епизода на ТЛЗП (видео)

Даниел Кајмакоски е победник во третата епизода на „Твоето лице звучи познато“. Македонскиот пејач го освои најголемиот број на гласови од жирито и од неговите колеги за неговата иведба на „Golden eye“ на Тина Тарнер.

Кајмакоски освоените 1.000 евра ќе ги донира на малиот Кики од Крушево и неговите старатели. Кики е момче од 12 години, за чиј хендикеп Даниел не сакаше многу да зборува, но сакаше да му ја исполни едната единствена желба – да оди на море.

Следната епизода Дениел ќе се трасформира во Горан Бреговиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top