| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ со двоен ќар, го урна Надал и ја зголеми предноста на листата на АТП

Новак Ѓоковиќ има двоен ќар од турнирот од мастерс-серијата во Монте Карло, каде што ја прекина доминацијата на Рафаел Надал и патем ја зголеми предноста во поени на светската ранг-листа. По триумфот од 6-2, 7-6 во финалето, тој ја заврши серијата на Шпанецот од осум титули, што е рекорд на машките турнири. Со новите бодови, српскиот тенисер остана уверливо прв пред Роже Федерер, кој не играше во Монте Карло, а, сепак, напредуваше за едно место. Ѓоковиќ има 12.900 бода, дури 4.230 повеќе од Швајцарецот. За една позиција падна Енди Мареј, тенисер што заостанува зад Федерер за само 10 бода. Шпанското дуо Ферер, Надал си ги задржа позициите меѓу првите пет.

Во женска конкуренција се играше Федерејшн-купот, па настапот на тенисерките за своите репрезентации не донесе промени во првите десет места на листата на ВТА. Серена Вилијамс и натаму е лидер со 11.115 поени, пред Марија Шарапова, која заостанува за 875 поени. Викторија Азаренка, Агњешка Радванска и На Ли останаа во одбраното друштво, во топ-5 на најновото рангирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top