Оскаровската Џенифер Лоренс синоќа на наградите „ГЛААД Медиа“, при доделувањето на статуетката на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, го погреши неговото име и го нарече Гил.
– Од сите работи кои можев да ги погрешам, зар морав неговото име? – веднаш се поправи „кралицата на лапсусите“, како што веќе е позната меѓу американските медиуми, и тоа со право.
Меѓутоа, рака на срце, Лоренс веднаш знаеше дека погрешила и се поправи и барем не ја повика Сашка Петковска да си ја подигне наградата, како што некогаш тоа го направи омилената лото-девојка Маријана Станојковска, која ѝ сама има голем број вакви кратки и слатки телевизиски испади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)