| четврток, 6 декември 2018 |

Игуаин му донесе нова победа на Наполи, Пандев го одигра целиот меч (видео)

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев го одигра целиот натпревар за Џенова на гостувањето против Наполи во 30. коло од Серија А, но неговиот тим не успеа, и покрај водството, да извлече поволен резултат завршувајќи со пораз од 3-1.

Пандев се врати во Неапол, но немаше многу можност за докажување поради, во секој случај, подредената улога која Џенова ја имаше против големиот фаворит.

И покрај тоа гостите први дојдоа до водство со прекрасниот гол на Ринкон во 10. минута. Но, „наполитанците“ стигнаа до пресврт во второто полувреме, благодарение на двата погодоци на Гонзало Игуаин. Најпрво погоди во 51. минута за израмнување, а потоа и во 81. минута за водство од 2-1. Конечните 3-1 ги постави Ел Кадури во 92. минута од натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top