
Делегација на Стопанската комора на Македонија учествува на 8. Светски конгрес на стопански комори во Доха, Катар.
На форумот, кој почнува денеска, а ќе трае до 25 овој месец, учествуваат лидери на 150 комори од целиот свет. Тие ќе разменат искуства и ќе дискутираат на актуелни теми кои ги засегаат нивните општества. Говорници ќе бидат претседателите на водечките стопански комори, како и претставници на светската бизнис-елита.
Осмиот Светски конгрес на стопански комори е можност за интеракција со делегации од преку 100 земји од светот. Домаќин и еден од организаторите на настанот е Комората на Катар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


