
Големото градско дерби на Манчестер меѓу екипите на Сити и јунајтед го добија „црвените ѓаволи“ минимално со 1-0. На „Етихад“ „црвените ѓаволи“ до голот вреден три бода стигнаа во 16. минута преку тинејџерската сензација Маркус Рашфорд.
Во второто полувреме, „граѓаните“ имаа повеќе од играта, имаа неколку одлични можности за израмнување, но не успеаја да стигнат до посакуваниот погодок.
Goal Marcus Rashford – Manchester City 0-1… by 109253pr
По 30 одиграни натпревари, Манчестер јунајтед се израмни со 50 бода со Вест Хем на петтата позиција, сега со само еден бод помалку од Манчестер сити, а пет помалку од третопласираниот Арсенал.
Тотенхем ја продолжува шампионската трка со Лестер останувајќи на пет бода негатива по победата од 3-0 против Бурнмаут. Тотенхем сега има 61 бод на втората позиција, додека Лестер е водечки со 66 бода. До крајот на шампионатот остануваат уште седум кола.
Tottenham Hotspur vs Bournemouth AFC 3-0 All… by ak-productions
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


