| четврток, 6 декември 2018 |

Прекината серијата на Барса од 12 победи во низа во Примера (видео)

По 12 едноподруго победи во Примера дивизијата, Барселона конечно запрена. Во 30. коло од шампионатот Каталонците одиграа 2-2 на гостувањето против Виљареал. На „Ел Мадригал“ домаќините успеаја да стигнат до бод против каталонскиот гигант со двата гола во второто полувреме.

Претходно, последното реми на каталонскиот состав во шпанското првенство е од 2. јануари на гостувањето против Еспањол кога ремизираа без голови.

Сега, Барселона сама си ја „продаде“ победата, откако со головите на Ракитиќ во 20. минута и Нејмар од пенал во 41. минута имаше предност од 0-2 по првото полувреме.

Но, во вториот дел, Виљареал намали на 1-2 со голот на Бакамбу, а во 63. минута со автоголот на Матиеу стигна до израмнување за конечни 2-2.

Сепак, и ова реми не ја загрозува многу шампионската трка на Каталонците, кои со 76 бода имаат дури девет бода предност во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид, по 30 одиграни натпревари. На третото место е Реал Мадрид со 63 бода, но и натпревар помалку од водечките екипи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top