| четврток, 6 декември 2018 |

Џиџи е „крал“ на голманите во Серија А, урна рекорд стар 20 години

dzidzi bufon

Легендарниот чувар на мрежата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон (38), од денеска и официјално влезе во историјата на Серија А како голман со најдолга минутажа без примен гол. Тој го урна рекордот стар повеќе од 20 години на некогашниот голман на Милан, Себастијано Роси, од сезоната 1993/94, кој беше несовладан 929 минути.

Пред денешното градско дерби против Торино на Џиџи Буфон му недостигаа три минути да го урне рекордот, а тој успеа да ја сочува мрежата мирна се до 48.минута од мечот кога Белоти реализираше од пенал. По примениот гол Џиџи застана на бројката од 974 минута без примен гол.

Последен кој успеа да му даде гол на Буфон во Серија А е Антонио Касано, фудбалерот на Сампдорија, на 10 јануари 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top