| четврток, 6 декември 2018 |

Моќни видеа од Македонија цела ноќ го обиколуваа светот

Одбележувањето на Часот на планетата Земја во Македонија стана хит низ целиот свет.

133087315

Глобалната организација на оваа светска акција чие мото годинава беше „Заблескај светлина на климатските промени“, објави специјално видео во кое е објавен инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје.

133087319

– Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена. Над 66 локации потонаа во мрак за Часот на планетата Земја. Во нашиот медиа центар пристигнаа над 3.000 фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и сме навистина среќни што охрабривме толку голем број луѓе да ги исклучат светилките во своите домови, изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

Here’s a throwback to the highlights at Macedonia (FYROM) #EarthHour 2016 😊 #ChangeClimateChange

A video posted by Earth Hour (@earthhourofficial) on

Беше направена и посебна видео компилација за акцијата во Македонија со инсерти од централната манифестација во Скопје, каква што само добија и Шпанија, Франција, Сингапур, Велика Британија, но и Македонија.

133087320

Часот на планетата Земја во Македонија се реализира со поддршка на Градот Скопје, Црвениот крст на Република Македонија, УНДП Македонија и ЕВН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top