| четврток, 6 декември 2018 |

Алонсо: Бев преплашен, му благодарам на Господ што сум на нозе (видео)

Двократниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо со неверојатно излетување ја почна новата сезона, доживувајќи тежок инцидент на трката од Големата награда на Австралија.

Алонсо се заби во болидот на Естебан Гутиерез, по што имаше тешко превртување, но успеа да се извлече неповреден од болидот од кој не остана речиси ништо.

– Јас сум добар, и тоа е најважно во моментов. Тоа беше навистина страшна несреќа, гледав само небо и земја. Се преплашив. Но, Господ е голем и пресреќен сум што сум жив и здрав. Им благодарам на сите кои веднаш беа до мене, и на ФИА која максимално се залага за безбедноста на возачите. Но, тоа се трките…, носат непредвидливи работи. Понатака ќе мислиме и на трките и на болидот и на тоа како да се поправиме, но во моментов сум само среќен што сум на нозе по еден ваков инцидент – истакна Алонсо по денешната трка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top