Летечкиот Словенец, Петер Превц, на најдобар можен начин стави точка на својата фантастична сезона во ски-скоковите. Тој пред домашните фанови, на леталницата Планица леташе долго во двата скока, 238 метри во првиот обид и 241,5 метри во вториот, освојувајќи го првото место. Тоа е негова рекордна 15.победа во сезоната.
Неговиот сонародник Роберт Крањец го освои второто место, додека на третата позиција се пласираше Норвежанецот Јохан Андре Форфанг. За одбележување е секако и четвртото место на легендарниот Јапонец, 43-годишниот Нориаки Касаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)