| четврток, 6 декември 2018 |

Тежок инцидент на стартот на Формула 1, Алонсо извлече жива глава (видео)

Првата трка од новата Формула 1 сезона за Големата награда на Австралија, ја одбележа и жестокиот инцидент кој го имаше двократниот шампион Фернандо Алонсо.

Во 18-от круг од трката Алонсо имаше „хорор“ превртување по кое од неговиот болид не остана речиси ништо. Се случи класичен автомобилистички инцидент меѓу Гутиерез и Алонсо, по што и двајцата веднаш по тоа ја завршија трката, со што болидот на Гутиерез мина далеку подобро.

За среќа, Алонсо инцидентот го заврши неповреден, без посериозни последици. Трката беше во прекин околу 20 минути, а по враќањето на болидите на патеката, водството го презедоа возачите на Мерцедес, Розберг и Хамилтон кои на крајот стигнаа и до еден-два победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top