| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио ги скроти „воините“, Мајами славеше над Кливленд (видео)

stef kari

Во дерби дуелот во западната конферецнија и воопшто во НБА лигата меѓу екипите со најдобар скор во досегашниот дел од сезоната, Сан Антонио славеше над актуелниот шампион Голден Стејт со 87-79.

Мечот од одлучи извонредната одбрана која ја постави Грег Попович и ги сопре офанзивните оружја на Кари и другарите. Сан Антонио го остави Голден стејт на само 14 постигнати поени во последниот период, што беше клучно за триумфот.

Стеф Кари натпреварот го заврши со „само“ 14 поени и катастрофален шут за три поени (1/12). Клеј Томсон не беше ништо подобар со 15 поени, додека Дрејмонд Грин реализираше 11 поени. Сан Антонио до победата ја водеше Ламаркус Олдриџ со дабл-дабл ефект од 26 поени и 13 скока.

Голден Стејт сеуште има шанса да го стигне рекордот на Чикаго Булс од пред 20 години (72-10), бидејќи има моментален скор од 62 победи и седум порази, а до крајот на регуларниот дел од сезоната треба да одиграат уште 13 натпревари.

Кошаркарите на Мајами, на свој паркет, беа подобри од Кливленд со 122-101. Мајами до триумфот гo предводеа Двејн Вејд со 24 поени, и Драгиќ со 18 поени и 11 асистенции. Леброн Џејмс, кај Кливленд, мечот го заврши со 26 постигнати поени.

НБА резултати:

Индијана – Оклахома 111-115
Мемфис – ЛА Клиперс 113:102
Чикаго – Јута 95:85
Атланта – Хјустон 109:97
Вашингтон – Њујорк 99:89
Детроит – Бруклин 115:103
Шарлот – Денвер 93:101
Мајами – Кливленд 122-101
Сан Антонио – Голден Стејт 87-79

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top