Борко Ристовски со Рајн Некар Левен славеше важна победа на гостувањето против ППД Загреб со 23-24 (12-10) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Со 11 одбрани на голот на Рајн Некар Левен, македонскиот гол,ан беше важна алка во триумфот кој му дава огромна предност на германскиот тим пред реваншот на домашен терен и големи шанси за пласман меѓу осумте најдобри екипи во најелитното европско натпреварување.
Избраниците на Веселин Вујовиќ имаа предност од два гола на полувремето кога во вториот период стапи на сцена македонскиот репрезентативен голман.
За пресвртот најзаслужен беше токму Борко кој напрвин фати две топки за израмнување на резултатот 12-12, а потоа влезе во серија за да овозможи водство на својата екипа која германците знаеја да го сочуваат до крајот на мечот и да ја оправдаат фаворитската улога во ова осминафинале.
Уве Генсхајмер со седум и Мадс Ларсен со шест гола беа најефикасен во составот на Рајн Некар Левен. Борко Ристовски беше на голот на Рајн Некар Левен во текот на целиот натпревар и запиша 11 одбрани. Лука Шебетиќ, Златко Хорват и Домагој Павловиќ постигнаа со пет гола за ППД Загреб. Велко Марковски вообичаено беше задолжен за одбранбените задачи во хрватскиот тим.
Со оваа победа Рајн Некар им се придружи на Кјелце, Веспрем и Фленсбург во гостинските победи остварени денеска во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.