| четврток, 6 декември 2018 |

Осомничениот терорист писмено одговара на прашањата на ФБИ

Осомничениот за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, Џохар Царнаев, е буден и одговара на прашањата на истражителите од ФБИ со пишување, јавува „Еј-Би-Си њуз“. ФБИ се интересира за други членови на ќелијата и за други неексплодирани бомби.

Претходно, медиумите, повикувајќи се на информации од истрагата, соопштија дека Царнаев не бил во состојба да биде испрашуван. Деветнаесетгодишниот осомничен терорист е во сериозна, но стабилна здравствена состојба со рана во вратот и во грлото поради што, најверојатно, нема да може да зборува. Медиумите шпекулираат дека тој пред да биде уапсен, наводно се обидел да се самоубие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top