| четврток, 6 декември 2018 |

Еден гол на Левандовски вреден три бода за Баерн Минхен (видео)

Исцрпувачкиот натпревар во Лигата на шампионите против Јувентус во кој Баерн Минхен излезе како победник и се пласираше во четврфиналето не остави длабока трага на избраниците на Пеп Гвардиола во рамките од Бундес лигата.

Фудбалерите на Баерн Минхен продолжуваат со успешната серија во домашното првенство, каде се наоѓаат се поблизу до нова шампионска титула. Гвардиола направи пет измени во стартниот тим за гостувањето против Келн, но мечот сепак го реши Роберт Левандовски, кому заморот не му може ништо, па Полјакот со фантастичен погодок од дваесетна метри му ја донесе победата на каталонскиот гигант.

Волфсбург одигра само 1-1 на домашен терен против Дармштад, и тоа благодарение на голот на Шурле во 93. минута. Претходно гостинската екипа во водство ја доведе Вагнер во 82.минута од мечот.

Хофенхајм со втората победа во низа си ги врати шансите за опстанок, додека Херта во интересен дуел славеше над Инголштад со 2-1.

Резултати Бундес лига:

Келн – Баерн М. 0-1, Херта – Инголштад 2-1, Вердер – Мајнц 1-1, Хамбургер – Хофенхајм 1-3, Волфсбург – Дармштад 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top