| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал конечно победи по еден месец пауза (видео)

Арсенал во првиот термин од 31.коло во Премиер лигата во дерби дуелот против Евертон успеа да слави победа со 2-0 и со тоа да ја прекине црната серија без триумф повеќе од еден месец.

„Топчиите“ беа без триумф во Премиер-лигата уште од 14 февруари, оттогаш беа елиминирани и од ФА Купот и од Лигата на шампионите, но за среќа на Арсен Венгер неговите избраници попладнево најдоа начин да се разбудат од зимскиот сон и конечно да заиграат онака како што му доликува на Арсенал.

Дени Велбек доби шанса пред Жиру и ја оправда довербата постигнувајќи го првиот гол по одличната асистенција на Алексис Санчез, додека конечните 0-2 во финишот од полувремето ги постави младиот Ивоби, кој се запиша меѓу стрелците на својот прв меч како стартер во Премиер-лигата. Одбраната одигра на високо ниво успевајќи да го неутрализира напаѓачот на Евертон, Ромелу Лукаку кој оваа сезона игра одлично и досега има постигнато 18 гола за клубот од Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top