Машката ракометна репрезентација на Македонија во периодот од 8 до 10 април 2016 ќе настапи на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рио. ИХФ денеска ги објави точните термини за почеток на натпреварите што ќе се играат во „ЕРГО Арена“ во Гдањск, Полска.
Македонија стартува против домаќинот, следниот ден го игра можеби клучниот натпревар со Тунис, а на 10 април ќе ја има фаворитската улога против Чиле. На Олимпијадата ќе се пласираат двете првопласирани селекции.
Распоред со саатница на натпреварите на Македонија:
8 април 2016 (20:30 часот) Полска – Македонија
9 април 2016 (18:00 часот) Македонија – Тунис
10 април 2016 (18:00 часот) Македонија – Чиле
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.